Капки и ласерски третман (SLT)
Првата линија на терапија се капки што го намалуваат создавањето или го подобруваат истекувањето на очната течност. Селективната ласерска трабекулопластика (SLT) е безболна амбулантна процедура од неколку минути што го отвора природниот дренажен систем на окото и кај многу пациенти ја заменува или намалува потребата од капки.